Сибиха: Руските дронови над Полска покажуваат дека Путин се извлекува неказнето

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денес изјави дека влегувањето на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор за време на нападот врз Украина покажува дека рускиот претседател Владимир Путин се извлекува неказнето и продолжува да ја шири војната.

„Путин само продолжува да ескалира, да ја шири својата војна и да го тестира Западот. Оваа ситуација покажува дека конечно треба да се донесе одлука за да се дозволи користење на партнерските капацитети за воздушна одбрана во соседните земји за пресретнување беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор, вклучително и оние што се приближуваат до границите на НАТО“, напиша Сибиха на мрежата X.

Полската војска соопшти дека влегувањето на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата за време на нападот на Русија врз Украина претставува „чин на агресија“ што ја загрозува јавната безбедност и бара соборување на објекти, објави Ројтерс.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Варшава го информирала генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за дејствијата што ги презела Полска против руските беспилотни летала и дека операцијата против беспилотните летала е во тек.

Би можело да ве интересира

Сириски: Руските трупи ги интензивираат нападите околу Покровск, Украина ја зајакнува одбраната

Европа остана без пари за војна и сака да ги земе останатите од џебовите на луѓето, вели Орбан

Москва: Киев ги прикрива своите злосторства со забрана за пристап до медиумите

„Тајмс“: Украина нема да преживее до пролет

Горан Наумовски

Два полски аеродроми затворени поради воени воздушни операции

Зеленски ги продолжува воената состојба и општата мобилизација до 3 февруари 2026 година

Горан Наумовски