Руските контрамерки, како одговор на неодамнешното протерување на нејзините дипломати од австриската престолнина, ќе бидат сразмерни, но болни за Виена, изјави за ТАСС заменик-министерот за надворешни работи, Дмитриј Љубински.
Дипломатот истакна дека сите непријателски потези на австриските власти кон Русија секогаш наидувале и ќе наидуваат на соодветен одговор од руската страна.
„Тоа неизбежно ќе биде болно за Виена, но тоа во никој случај не е наш избор“, изјави Љубински.
На 23 октомври, четворица руски дипломати беа прогласени за „персона нон грата“ (непожелни лица) во Австрија и им беше наложено да ја напуштат земјата.
Тројца од нив работеле во Амбасадата на Русија во Виена, додека четвртиот бил дел од руската делегација при Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), каде што се занимавал со воена безбедност и контрола на вооружувањето.
Разузнавачките служби ги поврзале со шпионски операции, објави агенцијата Асошиејтед прес (AP).
