Гест кој измами насмевки – го затворија ресторанот за гости, на сопственикот му се роди дете

Од:

Пред вратите на ресторанот Калета“ во Стариград (Хрватска), туристите и минувачите беа пречекани од порака што измами насмевка на лицата на многу луѓе – и им ги промени плановите за вечера.

Шефот штотуку доби бебе. Денес не работиме, само пиеме“, пишуваше на знакот на влезот во ресторанот.

Информациите се дека сопственикот на ресторанот и неговата партнерка добија девојче кое го крстија Мари.

Пресреќниот татко одлучи да го затвори ресторанот за гостите и да организира прослава за своето семејство и најблиските пријатели.

Иако не успеаја да вечераат, туристите што се најдоа пред ресторанот беа воодушевени, и можеа да се послужат со пијалак и да наздрават ако сакаат.

Прославуваме раѓање на дете. Уживајте во бесплатни пијалаци“, пишуваше на знакот до масата каде што имаше чаши и пијалаци што можеа да се послужат.

Многумина ги фотографираа натписите и рекоа дека со задоволство ќе се вратат друг ден на ручек или вечера, само поради тој искрен, човечки гест.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска: Пронајден остатокот од авионот и телата на две лица по драматичната потрага

Предраг Петровиќ

По забраните за српски пејачи во Хрватска и БиХ, сега се бара забрана за Дино Мерлин во Србија

Предраг Петровиќ

Хрватска поднесе обвинение за шпионажа против воен пилот и државјанка на Србија

Предраг Петровиќ

Изгубен е контактот со мал авион во Хрватска, во тек е операциja за пребарување и спасување

А1он

Секој петти граѓанин на Хрватска е официјално сиромашен

(ВИДЕО) Украинецот што го разнесе Северен ток, уапсен на снимање филм за саботажата