Присуството на западна воена сила во Украина ќе биде само нова интервенција во земјата, вели Царев

Од:

Евентуалното распоредување на западен воен контингент во Украина нема никаква врска со обезбедувањето безбедност и би претставувало нова интервенција во оваа земја, изјави поранешниот пратеник на Врховната рада и руски политичар Олег Царев во коментар за РИА Новости.

– Целта на украинскиот претседател Володимир Зеленски и Европа е продолжување на воениот конфликт. А распоредувањето на воени контингенти на НАТО на украинска територија е пат кон војна. Тие не беа во можност да протуркаат една опција за продолжување на конфликтот – прекин на огнот како услов за почеток на мировни преговори – и затоа бараат нов модел – рече Царев.

Тој истакна дека европските лидери и Киев сега се обидуваат да внесат трупи на Алијансата на украинска територија, што, според него, би било повторување на сценарио веќе видено во историјата. – Украина веќе имала слични искуства и заврши на ист начин – рече тој.

Царев нагласи дека и Зеленски и западните претставници конкретно ги поставуваат темелите за таканаречените „безбедносни гаранции“ кои, како што оцени, ќе бидат неприфатливи за Русија.

Би можело да ве интересира

Пристигна руската одмазда – масакр во Харковската област

Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да испорачуваме опрема

Лавров: Велика Британија е вклучена во нападите на руска територија

Зеленски го претстави генералот Хмара, новиот човек задолжен за одбраната на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русија и се заканува на Велика Британија

(ВИДЕО) Руска ракета падна во Молдавија – нема жртви

А1он