Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Од:

Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година е директно ‘обвинение’против ДУИ и поранешниот министер за образование Јетон Шаќири. Овој извештај јасно го разоткрива нивото на корупција, некомпетентност и криминална неодговорност што владееше во Министерството за образование под раководство на ДУИ, велат од Влен.

„3,4 милиони евра се потрошени за студентски дом во Тетово кој не функционира, без вентилација, без храна, без минимални услови за студентите. 18 милиони евра неплатени студентски кредити од 1998 година, без никаков напор за нивно решавање. 13 милиони евра за научни книги кои ниту се дистрибуирани ниту регистрирани, едноставно скапале во магацини. 2,9 милиони евра за студенти во странство, без стратегија за нивно враќање и нивно ангажирање во земјата.

Парите беа фрлени, младите беа напуштени. Напуштени градежни проекти од 2016 година, за кои се потребни уште 22 милиони евра за да се завршат, црна дупка за државниот буџет. Ова не се само административни пропусти. Ова е систематска кражба и организиран криминал против образованието! ДУИ ја уништи иднината на помладите генерации и го турна образованието во целосен колапс. Но, ова не е единствениот неодамнешен скандал. За кратко време, два негативни извештаи од Заводот за ревизија ги разоткрија злоупотребите на функционерите на ДУИ: Овој извештај за Министерството за образование и Јетон Шаќири, и Извештајот за злоупотребите во организацијата на самитот на ОБСЕ во Скопјe, во времето кога Бујар Османи беше министер за надворешни работи, уште еден доказ за неодговорност и недостаток на транспарентност во управувањето со јавните пари. ВЛЕН бара итна истрага и кривична одговорност за сите оние кои злоупотребиле јавни средства. Никој не е над законот. Времето на кражба во образованието и институциите е завршено. ВЛЕН носи крај на неказнивоста на ДУИ и почеток на вистинска одговорност, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Пораката од Стразбур е јасна – Македонија припаѓа во ЕУ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно