А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Макрон: Ништо нема да го запре меѓународниот процес на признавање на палестинската држава

by А1он03/09/2025 - 14:3184
Share0

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека никаква офанзивна, обид за анексија или присилна размена на население нема да го запре меѓународниот процес на признавање на палестинска држава.

Добивај вести на вибер

„Ниту една офанзивна, обид за анексија или присилна размена на население нема да ја запре динамиката што ја започнавме заедно со престолонаследникот, а на која веќе се придружија многу партнери“, рече тој по состанокот со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, објавува „Ле Фигаро“.

Макрон нагласи дека се движи кон поширока меѓународна поддршка за палестинската државност и дека „многу партнери“ веќе учествуваат во оваа иницијатива.

Покрај тоа, францускиот лидер остро ја критикуваше одлуката на Соединетите Американски Држави да не издаваат визи на палестинските претставници за претстојното Генерално собрание на Обединетите нации.

„Оваа одлука е неприфатлива. Повикуваме на нејзино повлекување и Палестина да биде претставена, во согласност со правилата на седиштето на ОН“, нагласи Макрон.

Макрон кон крајот на јули објави дека Франција ќе признае палестинска држава во септември 2025 година, на претстојната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

makronpalestina

Би можело да ве интересира

Судот во Париз одлучи: 10 лица се виновни за навредите кон Брижит Макрон на социјалните мрежи

Горан Наумовски05/01/2026 - 11:58

Макрон: Напредок во безбедносните гаранции за праведен и траен мир во Украина

Горан Наумовски29/12/2025 - 07:03

Дуров: Макрон ја претвора ЕУ во дигитален гулаг

Горан Наумовски25/12/2025 - 07:21

Макрон: Мислам дека ќе биде корисно повторно да разговарам со Путин

Горан Наумовски19/12/2025 - 09:20

Макрон: ЕУ ќе најде заедничко решение за финансирањето на Украина

Горан Наумовски18/12/2025 - 21:46

Црното предупредување на Макрон: Европската индустрија е во борба „за живот или смрт“

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен