Најмалку седуммина загинаа во израелски напад на погреб во Појасот Газа

Од:

Најмалку седум лица се убиени, а 22 се ранети во израелски напад врз погреб во Појасот Газа, соопшти болницата Ал-Авда во бегалскиот камп Нусејрат. Болницата соопшти дека нападот се случил за време на погребот на Палестинец кој беше убиен во друг израелски напад претходно во петокот, објави Гардијан.

Израел и палестинското движење Хамас постигнаа договор за прекин на огнот во октомври за да се стави крај на двегодишната војна, но борбите продолжија.

Според Министерството за здравство на Газа, најмалку 1.123 лица се убиени откако стапи на сила прекинот на огнот.

Министерството води детална евиденција за жртвите, која генерално се смета за веродостојна од агенциите на Обединетите нации и независните експерти. Независна истражна комисија на ОН заклучи дека Израел наводно продолжува да врши геноцид со намерно таргетирање на палестинските деца во Појасот Газа, додава британскиот весник.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада