Јужнокорејскиот претседател: Се плашев дека ќе завршам како Зеленски пред средбата со Трамп

Од:

Претседателот на Република Кореја, Ли Џе-мјунг, изјави дека во пресрет на средбата со американскиот лидер Доналд Трамп, бил загрижен поради заканите што Трамп ги упатил на социјалната мрежа Truth Social.

„Пред да се сретнам со претседателот Трамп денес, тој објави многу заканувачка порака на Truth Social, за која бев загрижен. Можеме да се соочиме со ситуација како Зеленски во февруари“, рече јужнокорејскиот лидер.

Ли Џе-мјунг нагласи дека се плаши дека неговата позиција може да биде доведена во прашање на сличен начин како во случајот со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Сепак, како што додаде, самата средба во Белата куќа се одржала во конструктивна атмосфера и „завршила добро“.

Би можело да ве интересира

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит

Трамп се закани поради протекувањето воени тајни: „Треба да бидат стрелани“

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

Републиканците се бунтуваат против Трамп, му испратија писмо

Катерина Ѓуровски