ДУИ се преправа дека е загрижена за правичната застапеност на Албанците. Но, вистината е горчлива: тие ја создадоа неправдата што ја осудуваат денес. Законот за попис, од првата буква до последната, е дело на министрите и пратениците на ДУИ. Бујар Османи, Артан Груби, Фатмир Бесими и нивните колеги го подготвија и предложија законот, додека Арбер Адеми и неговата пратеничка група гласаа за него без никакви забелешки. Вметнаа графи што не постојат никаде во светот, дозволија нашите сограѓани од дијаспората да бидат третирани како странци во сопствената земја, велат од Влен.
„Резултатот е јасен и трагичен: бројот на Албанците не е статистичка грешка, туку намерно намалување и напад врз правичната застапеност. Тоа е историска неправда, која ќе се памети како едно од најголемите предавства на албанската кауза. Додека врвот на ДУИ се занимаваше со купување трговски центри, трговија со електрична енергија и бизнис со нафта, Албанците доживеаја неправда од државата.
Денес, ВЛЕН е коректорот на свесните грешки на ДУИ. Нивните секојдневни напади врз нас се најјасен доказ дека знаат каде погрешиле и каде лежат нивните гревови. Тие се обидуваат по секоја цена да го омаловажат албанскиот граѓанин! За информација: во 2021 година, кога беше направен пописот, ВЛЕН воопшто не постоеше, како може ВЛЕН да ја преземе вината од ДУИ?
Нема амнестија за политичка вина. Нема да дозволиме бројките и достоинството на Албанците да бидат фалсификувани. Нема да дозволиме оние што го создадоа проблемот денес да бидат продавани како спасители.
ВЛЕН ќе биде гласот што го брани секое албанско семејство, секој Албанец во дијаспората и секое прекршено право. И конечно, да го потсетиме граѓанинот дека ова е дело на ДУИ: Исто како и со албанската дијаспора, која ја оставија надвор од пребројувањето, тие дејствуваа и со албанскиот јазик: ко оставија на пола, без закон, без моќ. Исто како и со пописот, каде што ги манипулираа бројките, тие дејствуваа и со вработувањето: над 10 години држеа луѓе со договори без регулиран статус. А денес, без срам, ги обвинуваат другите за своите грешки. Влен повеќе нема да дозволи неправда. Времето на измами заврши, сега е времето е на албанскиот граѓанин, се вели во соопштението.