Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Од:

Вчера во 15.40 часот во Кочани, полициски службеници го уапсиле Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „БМВ“ кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Исто така, во Грдовци, кочанско, полициски службеници ги уапсиле Г.П.(32) и А.А.(29), двајцaта од Виница. Полициските службеници запреле возило „фолксваген голф“ кое го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото биле
пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер.

Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет