Белата куќа ја праша Украина дали Зеленски ќе дојде кај Трамп во костум

Од:

Белата куќа ги праша украинските претставници дали претседателот Володимир Зеленски ќе дојде на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба во понеделник во костум, дознава „Аксиос“ од два извори со директни инфорамации.

Темата за облеката стана чувствително прашање дури и пред претходната средба меѓу двајцата лидери во март, која се претвори во дипломатско фијаско. Во тоа време, Трамп не беше задоволен што Зеленски се појави во воен стил во неговиот кабинет. Кога се сретна со него во Западното крило, тој даде саркастична забелешка: „Тој е навистина дотеран денес“. Во тоа време, некои американски претставници проценија дека прашањето за костумот делумно придоне за лошиот исход од средбата.

Според изворите, Зеленски ќе дојде во Белата куќа облечен во истата црна јакна што ја носеше на самитот на НАТО во Холандија во јуни. „Ќе биде во стил на костум, но не и во целосен костум“, рече еден од изворите. Тој самит беше првпат по руската инвазија во 2022 година Зеленски да носи јакна во деловен стил, а американските претставници потоа оценија дека Трамп е задоволен.

„Зеленски дојде како нормален човек, а не како луд, и беше облечен како некој што припаѓа на самит на НАТО. Значи, тие имаа добар разговор“, изјави американски претставник за „Аксиос“ во тоа време.

Еден советник на Трамп рече, делумно на шега, дека „би било добар знак за мир“ ако Зеленски дојде во костум во понеделник, но додаде: „Не очекуваме тој да го стори тоа“. Друг рече: „Би било одлично ако носеше вратоврска, но не очекуваме ниту тоа“. Изворот додаде дека потпретседателот Џ.Д. Венс бил уште повеќе иритиран од изгледот и ставот на Зеленски минатиот пат отколку самиот Трамп. „Вратоврската беше проблемот за Џ.Д. кога се случи за прв пат“. Според информациите, Зеленски нема да носи вратоврска во понеделник.

Трамп го цени ставот дека светските лидери треба „да изгледаат соодветно“, што за него значи – костум. Сепак, неговите советници нагласуваат дека незадоволството минатиот пат било поврзано со пошироки прашања, а не само со облеката. Тие веруваат дека Зеленски во меѓувреме станал повешт во комуникацијата со Трамп. „Треба да му се оддадат признанија. Не е толку лош како порано“, рече еден од советниците.

На последната средба меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа, американскиот претседател, штом го виде Зеленски во својот вообичаен воен стил, пред камерите рече: „Денес е целосно облечен“, мислејќи иронично. Ситуацијата дополнително ја влоши новинарот на Трамп кој го провоцираше Зеленски, на што Трамп реагираше потсмевливо и го стави во непријатна позиција. Токму тој момент го означи почетокот на дипломатското фијаско што го одбележа целиот состанок.

На прашањето дали самитот ќе изгледа како минатиот пат, истиот советник одговори: „Не, апсолутно не“. Тој додаде дека двајцата во меѓувреме поминале долг пат и дека Зеленски нема да го повтори пристапот на прикажување фотографии од мртви деца, што претходно предизвика бунт кај Трамп. „Претседателот научи едноставно да остави настрана сè што го иритира и да продолжи понатаму.“

Овој пат, заедно со Зеленски, во Вашингтон ќе бидат присутни и европски лидери, истакнаа советниците, што ќе му даде на состанокот сосема поинаков тон од претходниот.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе нови царини за челик, полупроводници и компјутерски чипови

Вашингтон очекува да добие јасна согласност од Киев за иден мировен договор

Горан Наумовски

Озер: Во своите напори да постигне мировен договор, Трамп ќе употреби и притисок врз европските сојузници

Горан Наумовски

Зеленски: Сите споделуваме силна желба за брз крај на војната

Трамп: Зеленски може да ја заврши војната речиси веднаш ако сака

Виткоф: Путин прифати