Oслободен од турски затвор е хрватски морнар осуден на 30 години затвор, на бродот му најдоа 137 кг кокаин

Од:

Хрватскиот морнар Марко Бекавац е ослободен од турски затвор и е во Хрватска, ќе биде со своето семејство во текот на денот, потврди хрватскиот министер за правда, администрација и дигитална трансформација – Дамир Хабијан.

– Можам да потврдам дека капетанот Бекавац дојде во Хрватска утрово – рече Хабијан и изрази задоволство од неговото ослободување од затвор бидејќи, додаде, тоа е резултат на месеци напори во тој исклучително предизвикувачки случај.

Хрватскиот морнар Бекавац беше уапсен во октомври 2023 година во Турција и обвинет за шверц на 137 килограми кокаин, откако дрогата беше пронајдена на неговиот брод Феничијан М“ во турското пристаниште Ерегли, а во септември минатата година беше осуден на 30 години затвор.

Враќањето на Бекавац, како што се наведува, се случи по координираните активности на Владата, Министерството за правда, дипломатијата и другите институции, а министерот Хабијан потсети и дека премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман во неколку наврати разговарале за ова прашање со турските претставници, барајќи го најдоброто решение за оваа предизвикувачка ситуација“.

Би можело да ве интересира

Во Словенија уапсен убиецот од Меѓумурје

А1он

Трагедија во Меѓумурје: Ја уби невенчана сопруга, па ја застрела нејзината сестра, полицијата трага по осомничениот

Горан Наумовски

Контраадмирал на НАТО: Турција мора да одговори на украинските напади во Црното Море

ВИДЕО: Антифашистички маршеви во Хрватска, маскирани мажи во црно направија инциденти во Риека и Задар

Катерина Ѓуровски

Турција: Не е можно да се обезбеди европска безбедност без нас

Експлодира непозната направа во Хрватска, повредени се три деца