Индија го запира купувањето американско оружје поради царините

Од:

Расправијата меѓу Индија и САД се продлабочи откако Њу Делхи ги одложи плановите за купување ново американско оружје и авиони, што е директен резултат на трговскиот спор. Овој потег е првиот конкретен знак за незадоволството на Индија од царините наметнати врз нивниот извоз од страна на администрацијата на Доналд Трамп, објави Скај њуз.

Според информациите откриени од тројца индиски функционери запознаени со ситуацијата, планираното купување воена опрема е запрено. Индија имаше намера да го испрати министерот за одбрана Раџнат Синг во Вашингтон за да го финализира договорот, но тоа патување сега е откажано, потврдија два извори.

Би можело да ве интересира

Рубио најави нови санкции против Куба

Ново обвинение од Вашингтон: Обама поврзан со „рускиот фалсификат“

Багеи: Иран сè уште го разгледува предлогот на САД за прекин на конфликтот

Трамп: Паднаа во океанот како пеперутки во гробовите, прекрасно

САД бомбардираа ирански пристаништа и острови, Иран нападна американски воени бродови

Американците извршија напади врз иранските пристаништа