(ВИДЕО) Нешковска: Статистика објави алармантни бројки, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8 отсто

Од:

Инфлацијата вртоглаво расте – со ВМРО-ДПМНЕ секој нов месец е нов удар врз стандардот на граѓаните. Државниот завод за статистика објави алармантни бројки – инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8%. Овие катастрофални бројки не се на „четврта економија“ туку на економија во слободен пад. Резултат на тотално промашените економски политики на Владата на Христијан Мицкоски, вели Ема Нешковска заменик-претседателка на Форумот на жени на СДСМ.

– Речиси сè е поскапено, а најмногу храната и основните производи. Животот станува сè потежок, граѓаните имаат сè помалку пари, илјадници семејства во Македонија едвај врзуваат крај со крај. Родителите се приморани да се откажуваат од многу работи за да можат да обезбедат оброк за своите деца, прават секојдневни математики – дали да платат сметки или да купат основни намирници.

И додека народот едвај врзува крај со крај и секојдневно се бори со високите цени, премиерот Мицкоски уште „анализира“. Власта тврдоглаво ги одбива конкретните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите. Не може народот да биде на леб и сол и да чека мерки, додека владините функционери се луксузираат и се гоштеваат со папаја и манго. Не требаат „анализи“ и промашени мерки со „кошнички“. Владата има готови предлози од СДСМ – нека ги реализира: укинување на ДДВ за храна, зголемување на минималната плата и покачување на платите во другите сектори. Само на овој начин цените ќе се намалат а ќе се заштити стандардот и понатамошното осиромашување. Времето на владина незаинтересираност и арчeње на парите на граѓаните мора да заврши. Сметката секој ден ја плаќаат граѓаните, тврди Нешковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар