Хезболах: Либанската влада направи „смртен грев“ со одлуката да нè разоружа

Од:

Либанското милитантно движење Хезболах денес соопшти дека владата на премиерот Наваф Салам направила „смртен грев“ со тоа што ѝ дала на армијата овластување да воспостави државен монопол врз оружјето до крајот на годината, што го оцени како директен напад врз правото на отпор кон Израел.

Во писмена изјава, Хезболах рече дека одлуката е „донесена под американски диктат“ и предупреди дека ќе ја третира како „непостоечка“, објави Ројтерс.

„Владата донесе одлука што директно му користи на израелскиот непријател. Одземањето на оружјето за отпор на Либан е тежок грев и стратешка грешка“, се вели во соопштението на движењето.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува за зголемување на царините за Кина само да ја запре војната во Украина

Секретарот на Трамп ги менува извештаите за климата, научниците велат: Тоа го правеше Сталин

САД нудат 50 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Либанската влада одлучи да го разоружа Хезболах

САД го објави мировниот предлог-договор помеѓу Израел и Хамас

Пукање во американска воена база, напаѓачот е војник, откриен е неговиот идентитет