Мециновиќ: Горна граница за кирии, поддршка при купување дом, дел од пакет – законите што ги предлага Левица

Од:

Горна граница за кирии, поддршка при купување дом, ваучери за неформална родителска грижа, флексибилно работно време за млади родители и бесплатен јавен превоз, се само дел од пакетот предлог – закони што го предлага Левица, за подобар живот на младите и спречување на нивно иселување. За нив денеска на прес-конференција информираше пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. Тој го претстави новиот пакет предлог – закони на пратеничката група на Левица, што се однесуваат на млади и родители.

– Денеска во Собранието, Левица ќе го поднесе најсериозниот, најобемниот и најсистемскиот пакет – закон за млади, во историјата на Собранието на Република Македонија. Овој пакет закони го имаме конципирано заедно со помош и во комуникација со јавноста и младите кои најдобро ги знаат своите проблеми. Овој пакет закони произлегува од апсурдната понуда на Владата за воведување на данок на немажени и неженети. И во ситуација на апсурдни предлози од Владата, ние како опозиција сметавме дека треба да се обратиме кон младите и тие навистина да ни посочат кон какви предизвици треба да се фокусираме како Собрание и која институционална помош е потребна на нашите млади. По над сто предлози што ги добивме од младите во изминатиот период, ние конципиравме иницијален пакет од шест закони што веруваме дека ќе овозможат подобри услови за формирање на семејство и за стапување во брачна заедница, истакна Мециновиќ.

Најголемиот број од предлозите што ги добиле, се однесувале на проблемот со домувањето.

– Домувањето е во суштина и најголемиот проблем за младата генерација и прва причина за иселување на нашите млади од државата. Затоа, во овој пакет закони што има цел да ги олесни условите, предлагаме закони за достоинствен живот за младите во Република Македонија и подобри можности за нивна егзистенција, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

А1он

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Левица: „Прво човек“ звучи празно ако човечноста се глуми, а не се живее

Апасиев: Хендикеп не е да си борец, хендикеп е да си привилегиран примитивец