ВИДЕО: Силен земјотрес од 8,8 степени предизвика цунами во Русија, евакуцаии во Јапонија и на Хаваи

Од:

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихиот Океан.

Неколку лица се повредени во тој оддалечен руски регион, а на населението на поголемиот дел од источниот брег на Јапонија, кој е тешко оштетен од катастрофалниот земјотрес и цунамито од 2011 година, му е наредено да се евакуира. „Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, изјави гувернерот на Камчатка на Телеграм.

Регионалниот министер за вонредни ситуации Сергеј Лебедев објави дека по земјотресот е регистрирано цунами од 3 до 4 метри. „Сите мора да се оддалечат од брегот“, рече Лебедев во видео на социјалните мрежи.

Американскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.

Водата се повлекува по делови од брегот на Хаваи додека брановите цунами се приближуваат кон островите, покажуваат веб-камерите во живо.

Повеќе веб-камери од островите Кауаи и Оаху, каде што се наоѓа главниот град Хонолулу, покажуваат значително повлекување на водата. Цунамите обично предизвикуваат невообичаено големо повлекување на океанската вода од брегот пред пристигнувањето на главните бранови.

Во исто време, атолот Мидвеј, група американски острови околу 1.600 километри северозападно од главните хавајски острови, забележа пораст од повеќе од 90 сантиметри, според Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.

Градоначалникот на северниот руски Курилски регион изјави дека сите жители биле евакуирани на безбедно место пред цунамито да го поплави подрачјето и да ги уништи зградите.

„Сите беа евакуирани. Имаше доволно време, цел час. Значи, сите беа евакуирани, сите луѓе се во безбедносната зона“, рече градоначалникот Александар Овсјаников на кризен состанок со службениците.

Би можело да ве интересира

Никарагва ги призна четирите украински територии како дел од Русија

Русија тврди дека го освоила Часов Јар во регионот Донецк

(ВИДЕО) Шестмина убиени, меѓу кои и дете, во руски напад врз Киев

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Камчатка

Горан Наумовски

Украина: Русите во Херсон се закануваат дека ќе им ги одземат децата на родителите ако тие не земат руски пасоши

Горан Наумовски

ГУР објави: Имаме докази, Русите киднапираат деца