СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

Од:

Во целосен очај и паника е ВМРО-ДПМНЕ откако се обелодени скандалот дека Мицкоски имал бугарска самосвест и барал да извади бугарски пасош. Мицкоски се уште на ги демантира информациите за тоа дека барал бугарско државјанство, па наместо тоа во паника мора да ја обвинуваат СДСМ за да си го спасат рејтингот, велат од СДСМ.

„Кампањата на ДПМНЕ преполна со лаги, навреди и барање внатрешни непријатели е одамна прочитана книга. Излитена плоча која веќе никој не ја слуша. Но граѓаните ја знаат вистината. И таа вистина е дека овој театар со „патриоти и предавници“ служи само за едно – да се сокрие епскиот неуспех на власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Служи за да се скрие фактот дека Мицкоски и пола од неговата Влада имаат бугарска самосвест.

За повеќе од една година оваа власт нема ништо ама буквално ништо испорачано за подобар живот и иднина за граѓаните. Служи да се скријат сите скандали, длабоката партизација, нарушената безбедност и убиства, урнисан животен стандард, осиромашени земјоделци. Ова е веќе многу пати видено сценарио во кое ВМРО-ДПМНЕ фатени во врвот на сопственото лицемерие и антимакедонизам креираат атмосфера на поделби.

Им порачуваме само едно, граѓаните овој филм го имаат гледано многу пати. Граѓаните ви ја препознаваат лажната грижа, лажниот патриотизам, ви ја читаат пропагандата и мизерните поделби. Знаат дека тоа е пат кон пропаст, пат кон трајно уништување на македонското национално ткиво. Тоа што го правите е вистинско национално самоубиство со единствена цел да го скриете својот катастрофален неуспех на секое поле“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Мицкоски: Законот за високо образование е државно, a не политичко прашање

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска