(ВИДЕО) Трамп: Зеленски не треба да ја таргетира Москва

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не треба да наредува напади врз Москва, и покрај најавата дека Украина ќе добие нови пратки западно оружје и сè поострата реторика кон Русија.

Изјавата на Трамп доаѓа откако „Фајненшл тајмс“ објави дека американскиот претседател неодамна го прашал Зеленски дали Украина планира да ја таргетира Москва доколку САД испорачаат оружје со долг дострел. Иако Белата куќа не ги коментираше наводите на британскиот весник, Трамп денес им стави до знаење на новинарите дека не го поддржува таков потег.

Во разговор со новинарите пред да ја напушти Белата куќа, Трамп го коментираше и својот ултиматум до Русија, според кој Москва има 50 дена да се согласи на прекин на огнот во Украина, во спротивно ќе се соочи со високи царини.

„Ќе видиме што ќе се случи со претседателот Путин“, рече Трамп.

На прашањето дали сега е на страната на Украина, Трамп одговори: „Не сум на ничија страна. Јас сум на страната на човештвото“.

Тој додаде дека сака да го запре убивањето: „Сакам да го запрем масакрот на илјадници луѓе неделно“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба

Русите го нападнаа Киев, ракета погоди зграда: Момче и жена се убиени, десетици се повредени

Горан Наумовски

Наришкин: За разлика од Европа, Русија сака праведен мир во Украина

Христофору: НАТО се подготвува за конфликт со Русија и Кина

Украински предизвик за Москва: Нов тип на војување на сцената

Зеленски ги притиска сојузниците: Доста се ветувања, каде се ракетите?