Европски земји изразија подготвеност да купат американско оружје за Украина

Од:

Неколку европски земји изразија подготвеност да купат американско оружје за Украина, врз основа на план објавен од американскиот претседател Доналд Трамп, а деталите за аранжманите сè уште треба да се договорат, објави Ројтерс.

Трамп вчера објави дека Вашингтон ќе обезбеди противвоздушни ракетни системи „Патриот“ и друго оружје за Украина, кое ќе го купат земјите-членки на НАТО.

Сепак, многу работи не беа прецизирани, како што се количината и видот на оружјето, како и колку брзо ќе биде доставено и како ќе биде платено, објави агенцијата.

Американските претставници сугерираа дека некои европски земји би биле подготвени да се откажат од своите залихи оружје за Украина, а потоа наместо тоа да купат оружје од Соединетите Држави.

Тоа би го доставило оружјето до Украина побрзо, но одбранбените системи на земјите што би го донирале оружјето би останале ранливи сè додека тие земји не ги добијат новите системи.

Сепак, некои од европските земји велат дека сè уште не знаат што се бара од нив, објави Ројтерс.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, зборувајќи заедно со Трамп во Белата куќа, вчера изјави дека Германија, Финска, Данска, Шведска, Норвешка, Обединетото Кралство, Холандија и Канада сакаат да бидат дел од новата иницијатива.

Функционери од Данска, Холандија и Шведска денес изјавија дека сакаат нивните земји да учествуваат во планот на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да купува американско оружје и да го доставува до Украина, објавија медиумите.

Трамп вчера изјави дека САД ќе продаваат оружје, вклучително и ракети „Патриот“, на земјите од НАТО за да можат да го доставуваат до Киев, објави агенцијата „Укринформ“.

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, им изјави на новинарите во седиштето на Европскиот совет во Брисел дека неговата земја е подготвена да купи американско оружје за потребите на Украина, објави украинската агенција.

Би можело да ве интересира

Зеленски се обиде да назначи екс премиер за министер за енергетика – парламентот не одобри

А1он

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Кличко: Киев остана без одбрана, немаме ресурси да ги запреме руските напади

Медведев: Владејачките европски будали сè уште сакаат војна во Европа

Горан Наумовски

Украина: Руски дронови нападнаa цивилни бродови во Црното Море