За Таравари ВРЕДИ се изгубени во орбитата на ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за коцкање

Од:

Политичката групациј ФЛЕН, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија, во понеделникот изјави дека нивната борба е за затворање на казината и заштита на семејствата. Алијансата за Албанците им порачува дека ова е изгубена битка, бидејќи новиот закон за игрите на среќа, подготвен од ВМРО-ДПМНЕ, веќе е готов и наскоро ќе биде ставен во процедура за усвојување, велат од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

– ФЛЕН, по којзнае кој пат, ја лаже јавноста, тврдејќи дека се бори против индустријата на коцкањето. Во реалноста, новиот предлог-закон само ја зајакнува и понатаму ја легализира оваа индустрија, особено преку онлајн игрите на среќа.
Овој политички субјект продолжува да спие, додека ВМРО-ДПМНЕ ги подготвува законите и им ги сервира како „свршен чин“ за гласање.

Според новиот закон, лиценците за онлајн операторите ќе продолжат да се издаваат на период од 6 години, исто како и досега, што го потврдува отсуството на било каква волја за забрана или ограничување на оваа штетна активност.

Наместо да се забрани оваа индустрија, се создава затворен и монополизиран систем кој ги фаворизира компаниите блиски до власта и отвора сериозни сомнежи за тајни профити на луѓе блиски до владините структури.

Наместо да ги заштити граѓаните, особено малолетниците и лицата со потенцијална зависност, државата ја презема улогата на гарантор на една индустрија со сериозни социјални последици.

Предлог-законот оди и понатаму – дозволува нови форми на дигитален маркетинг и рекламирање, во услови кога воопшто нема независни механизми за мониторинг и контрола на злоупотребите, и ја прикажува индустријата на коцкањето како извор за зголемување на буџетските приходи, без никаква визија за социјална или здравствена заштита.

Наместо да ги следи најдобрите европски практики – како забрана на агресивно рекламирање, ограничување на пристапот за малолетници, поставување лимити за трошење, или соработка со здравствени организации – Северна Македонија го олеснува развојот на коцкарската индустрија во име на дигитализација и формализација.

Овој предлог-закон не е реформа за граѓаните, туку политички акт кој ја претвора зависноста од коцкањето во извор на приходи за државата и за други блиски до власта.

ФЛЕН, парализиран од еуфоријата на првите денови во власт, нема ниту улога, ниту влијание, ниту глас во овој процес.
Она што Алијансата за Албанците одамна го има разобличено, многу брзо ќе се потврди и јавно – кога Владата ќе го поднесе законот на усвојување, се вели во соопштението од АА.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ до ДУИ: Го искоренуваме злото што вие го засадивте со казината

А1он

ВРЕДИ: ДУИ ја остави Филхармонија со 96% Македонци и само 4% Албанци за 20 години

А1он

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

За најважните одлуки Албанците дознаваат од медиумите, ВРЕДИ не е парнер во Владата, вели Блерим Беџети

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Од 50 случаи на гонење за непочитување на албанскиот јазик, 13 се против албански функционери, мнозинството од ДУИ

А1он