Зеленски го заменува украинскиот премиер – Владата ќе ја предводи жена

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека новиот премиер на Украина ќе биде првата вицепремиерка Јулија Свириденко. Со ова официјално започна нова фаза од реконструкцијата на украинската влада.

„Предложив Јулија Свириденко да го преземе раководството на украинската влада и значително да ја обнови нејзината работа“, објави Зеленски на платформата X.

Тој додаде дека се сретнал со Свириденко порано денес за да разговараат за соработката со САД и Европа, зајакнувањето на економијата, забрзувањето на военото производство и реформата на извршната власт.

Претходниот премиер на Украина беше Денис Шмихал, кој ја извршуваше функцијата од 4 март 2020 година.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Киев подготвува детални информации за разговорите со претставникот на Трамп

„Аксиос“: Путин го предупреди Трамп дека планира нов напад во Украина

Греам: Рекордна количина оружје ќе и биде доставена на Украина

Шекеринска: НАТО нема да се двоуми во обезбедувањето помош за Украинa

Горан Наумовски

Трамп: Испраќаме ракети „Патриот“ во Украина

(ВИДЕО) „Киев Индепендент“: Украинските сили извршија масовни напади на руска територија