ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

Од:

Бугарија е разобличена пред Европа и светот, се потврди уште една неправда кон Македонија дека не станува збор за Бугарите во Уставот туку за идентитетот и македонскиот јазик. Лагите на Заев дека „само уште името да го смениме и ќе влеземе во ЕУ“ како и уверувањата на Османи и Ковачевски дека „само уште Бугарите да ги внесеме во Устав и ќе влеземе во ЕУ“ потонаа во вода, се потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше постојано дека проблемот е поголем и се работи за идентитетот и јазикот. Политиките на Заев и Филипче на „еден народ, две држави” и „Делчев е Бугарин” сега го земаа својот данок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Бугарија е разобличена пред Европа и светот, на виделина излезе вистината за она што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше изминатите години, дека не се работи само за вметнување на бугарското малцинство во Уставот туку се работи за македонскиот јазик и идентитетот на македонскиот народ.

Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, но го избриша од него македонскиот идентитет и јазик. Целиот свет виде за македонските неправди и во тоа 21 век. Македонија од 90тите до денес на патот кон ЕУ, направи многу отстапки, многу промени и претрпи многу понижувања.

Дополнително, огромен придонес во понижувањата кон Македонија и македонскиот народ низ нашата историја имаат и домашните квислинзи, корумпирани политичари и неодговорни лидери кои поради лукративни цели воопшто не водеа сметка за долгорочните цели и националните интереси на Македонија.

Бугарите конечно се разголени и изнесени на чистина дека не се работи за техникалии и бугарското малцинство во Уставот туку за суштината. За тоа знаеја и Бујар и Ковачевски и Заев, Филипче ,Маричиќ и сите останати кои сега се соочени со тоа.

Заев, Ковачевски, Османи и останатите и покрај тоа што знаеја за позадината на овие барања, прифатија се што им се стави на маса, само за ден подолго на власт а со тоа и дадоа инструмент во рацете на Бугарија за блокада и вето кон ЕУ интеграциите. Заев, Османи, Ковачевски знаеја дека активностите и дејствијата на Бугарија се со јасна агенда и план да ја уништат Македонија. Она што е важно е што ќе остане запишано во историјата за прв пат во независна Македонија, дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на комитетот за надворешна политика при европскиот парламент и пред да се донесе оној срамен амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи нови предавства и отстапки од македонските национални интереси. Неопходно е национално единство по клучните прашања за државата вклучувајќи ги сите политички актери и општествени чинители, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот на спортот во државата