ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари

Од:

За разлика од годините наназад оваа година Владата одвои повеќе ресурси и средства со коишто борбата против пожарите ќе се поедностави, а капацитетите се зголемуваат. СДС ја оставија државата без опрема за гаснење пожари и без луѓе. СДС седум години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари. За разлика од тогаш денес Владата има конкретен план за справување со пожари во претстојната сезона, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите, Македонија за прв пат со оваа Влада добива интервентна пожарна со 50 специјализирани возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Досега имаше само територјални противпожарни единици но немаше ниту едно шумско возило или возило за отворен пожар.

Армиските и полициските возила се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување со цел зголемување на капацитетите за справување со пожарите во земјава. Со пренамена на полициски и армиски возила државата заштедува неколку десетици милиони евра а се зголемуваат капацитетите за гаснење на пожари. Исто така се очекува во текот на неделата да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, а третиот се очекува да дојде до крајот на месецот или почетокот на август.

На располагање се и по два полициски и армиски хеликоптери кои се подготвени доколку има поголеми пожари и огнени стихии. Со цел подобрување на состојбите во противпожарните единици ширум Македонија, кои од минатата власт беа оставени во катастрофална состојба без соодветни технички услови и човечки ресурси, се работи и на засилување кадровскиот потенцијал. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна и целосна трансформација на целиот систем за управување со кризи. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и има план за полесно справување во претстојната сезона на пожари. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Горан Наумовски