Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Од:

Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се водат уште две постапки претходно започнати за Висар Ганиу од кои првата за фалсификување на целата архивска книга со броеви и барања за легализации, а втората за уште еден случај каде незаконски легализирале со уште еден соучесник, напиша на својот Фејсбук профил градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Очекуваме и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се одважи, да почне да постапува против организираната криминална банда во општина Чаир, која овозможувала градење незаконски на НЕБЕЗБЕДНИ згради со црни пари од нелегални извори, кои згради ги запишувале на лица кои наводно граделе на 5,6,10 и 11 години, а сега се милионери, вели Арсовска.

Би можело да ве интересира

Нека ви се честито дивоградбите, Арсовска по средбата Ѓорѓиевски-Меџити

Катерина Ѓуровски

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка

Горан Наумовски

Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Арсовска во суд раскажа детали за нападот: траеше 40 минути, не извлекуваше интервентна полиција