ДУИ: Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“

Од:

Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, јавно одби да ги прифати резултатите од пописот на населението, алудирајќи особено на фактот дека Албанците сочинуваат 29,5 отсто од вкупната популација, велат од ДУИ.

„Тој тогаш вети дека, штом ќе дојде на власт, ќе организира „електронски попис“ за да ги „коригира“ резултатите. Ова не е изолиран случај, туку дел од серија националистички ветувања собрани под слоганот „да им се покаже местото на Албанците“. Затоа не нè изненадуваат чекорите на овој сегмент на власта, ниту пак институциите кои успеаја да ги заробат, како што се Уставниот суд, Јавното обвинителство и други.

Секоја од овие институции активно работи на спроведувањето на изборната програма на ВМРО и на ветувањата на Мицкоски: преку укинување на Балансерот, уривање на механизмите за заштита од мајоризација, отстранување на албанскиот јазик од институциите, како и исклучување на Албанците од повисоките позиции во администрацијата, безбедносните служби, одбраната итн.

Но, она што е навистина потресно е што остатоците од ВЛЕН во оваа влада, преку шокантна подршка, ја легитимираат и практично ја потврдуваат оваа политика на власта. Уценети и заробени, тие создаваат лажна слика дека владата е мултиетничка и дека во неа некој ги штити интересите на Албанците. Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“ од страна на власта, без оглед на тоа што во таа операција активно учествуваат и Албанци од ВЛЕН. Овие обиди нема да поминат. За тоа ги уверуваме и Албанците, но и тие што стојат зад овие опасни обиди за иднината на државата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам годишна инфлација околу 3 отсто

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански