ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Од:

Дури и по одлуката на Уставниот суд со која поделбата „резиденти/нерезиденти“ беше прогласена за неуставна, ДУИ не дава никакви одговори: Кој ја донесе одлуката да биде избришана албанската дијаспора од пописот на населението во 2021 година? По која цена беа продадени Албанците во овие валкани зделки? Коалицијата ВЛЕН ќе бара кривична одговорност за сите оние кои, без никаква правна основа, ја измислија категоријата “нерезиденти“, пречекорувајќи ги своите надлежности и намерно исклучувајќи ја дијаспората од официјалните податоци, велат од ВЛЕН.

„Ја информираме јавноста дека не сме разговарале за попис пред редовниот рок и дека нема да има друг попис следната година. Секој иден попис мора да биде резултат на длабинска анализа и политички консензус. Таа мора да ја исправи измамата на ДУИ и на СДСМ и да обезбеди фер, инклузивен и прифатен процес од сите страни.

ВЛЕН останува цврсто во одбрана на албанската дијаспора, која со децении е главен столб на економскиот, социјалниот и националниот опстанок на Албанците во Северна Македонија. Тие не се „нерезиденти“, туку се неразделен дел од нашата нација и директен придонесувач за развојот на нашата земја. Предавството што ДУИ го изврши против нашата дијаспора никогаш нема да се заборави. Тоа е црна дамка врз политичката совест на оваа партија. Но, сега, по одлуката на Уставниот суд, достоинството на секој Албанец се врати. Ова е победа за вистината и правдата. Албанската дијаспора претставува и ќе продолжи да претставува легитимен дел од националниот процес на донесување одлуки, велат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени