Трамп ги критикува израелските обвинители за судењето на Нетанјаху

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше израелските обвинители за судењето за корупција со кое се соочува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека Вашингтон, кој му дал милијарди долари помош на Израел, „нема да го толерира тоа“.

Нетанјаху беше обвинет во Израел во 2019 година за поткуп, измама и кршење на довербата, но тој ги негираше обвиненијата, објави Ројтерс, потсетувајќи дека судењето на израелскиот премиер започна во 2020 година и вклучува три кривични случаи.

„Лудо е што претерано ревносните обвинители му прават на Биби Нетанјаху“, објави Трамп на социјалната мрежа Truth Social, додавајќи дека судењето ја попречува способноста на Нетанјаху да преговара со палестинската милитантна организација Хамас и Иран.

Би можело да ве интересира

САД: Израел и Хамас да постигнат договор, да се вратат заложниците

Горан Наумовски

Мерц: Трамп треба да се дистанцира од Путин

Сенатот гласаше со 53-47 против ограничувањето на воените овластувања на Трамп за војна со Иран

Иран: Никогаш нема да дозволиме некој друг да одлучува за нашата судбина

Трамп: Го спасив ајатолахот Али Хамнеи од многу грда и срамна смрт

Аракчи: Трамп мора да го почитува Хамнеи ако сака нуклеарен договор