Зеленски: Данска е првата земја со која Киев ќе започне со производство на одбранбено оружје

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и данската премиерка Мете Фредериксен денес се согласија дека Киев и Копенхаген ќе започнат заедничко производство на одбранбено оружје.

„Данска ќе биде првата земја со која ќе започнеме заедничко производство на одбранбено оружје. Секоја земја што сега искрено ѝ помага на Украина може да смета на заемно корисно партнерство со нас. Ајде да ја зајакнеме Европа заедно“, рече Зеленски во објава на Телеграм од Хаг, каде што присуствува на неформални состаноци во рамките на самитот на НАТО.

Тој ѝ се заблагодари на Фредериксен и додаде дека, покрај производството на оружје, со неа разговарал за данското претседателство со Советот на ЕУ и понатамошната поддршка за украинските војници.

Зеленски нема да учествува на официјални состаноци на самитот на НАТО, но ќе се сретне со лидерите на маргините на состанокот.

Гардеробата на Зеленски привлече големо медиумско внимание на состанокот, бидејќи тој се појави на самитот во црно одело и црна кошула.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија