ВИДЕО: Неиспровоцирана агресија, оценка на Путин за американскиот напад на Иран

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека американските воздушни напади врз Иран се „апсолутно неиспровоцирана агресија“ и додаде дека „нема никакво оправдување или основа“ за такви потези.

Путин ова го изјави во Москва за време на состанокот со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, додека продолжува ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, Израел и САД.

„Тоа е апсолутно неиспровоцирана агресија против Иран. Таа нема никаква основа и никакво оправдување“, рече рускиот претседател.

Тој додаде дека руската позиција за актуелните настани веќе е јасно изразена и артикулирана од руското Министерство за надворешни работи.

Претходно руското министерство објави официјално соопштение во кое Москва „најостро ги осуди американските напади врз иранските нуклеарни постројки“ и повика на итен прекин на агресијата и зајакнување на дипломатските напори за смирување на ситуацијата.

Израел започна воена операција против Иран ноќта на 13 јуни, а Исламската Република возврати со напад помалку од 24 часа подоцна. Нападите продолжуваат, при што двете страни известуваат за мртви и ранети, како и за удари на повеќе цели.

Соединетите Американски Држави се приклучија на вооружениот конфликт девет дена по неговата ескалација, ноќта на 22 јуни, американски бомбардери нападнаа три ирански нуклеарни постројки: во Фордо, Натанц и Исфахан.

Би можело да ве интересира

Политико: Трамп наводно го убедил Орбан за Украина, Будимпешта негира

Горан Наумовски

Техеран до европските сили: Санкциите врз Иран ќе имаат последици

Трамп е подготвен да воведе економски санкции врз Русија

Трамп со нова закана до Пекинг: Ќе ви воведам царина од 200 отсто

Јужнокорејскиот претседател: Се плашев дека ќе завршам како Зеленски пред средбата со Трамп

Трамп ќе го промени името на Министерството за одбрана