(ВИДЕО) Сплитски полицајци објавија драматично видео од пожарот кој проголта 12 куќи

Од:

Пожарникарите објавија драматично видео од голем пожар што го опустоши подрачјето на Марушиќ и Мимиќ во Сплитско-далматинската жупанија.

Изгореа најмалку 12 куќи.

Пожарот што избувна утрово во подрачјето на Писак и Марушиќ предизвика значителна штета.

„Беше тешко во Марушиќ, Мимице и Писак, но ги одбранивме станбените згради во добар дел и сега е многу подобро. Има изгорени куќи. На крајот ќе ја видиме штетата што е направена. Истото важи и за Уљара, засега не можеме ништо да кажеме“, изјави за медиумите главниот началник на противпожарната служба – Иван Ковачевиќ.

Наводно, насадите со маслинки целосно изгореле, и се чини дека не станува збор за несреќа, туку за палење.

Би можело да ве интересира

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин