Путин: Предложивме можен излез од кризата

Од:

Москва предложи можен излез од ситуацијата околу Иран, но одлуката е на Техеран и Тел Авив, изјави рускиот претседател Владимир Путин во разговор со уредници на меѓународни новински агенции и домашни и странски новинари на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Рускиот претседател нагласи дека би било најдобро да се прекинат непријателствата, да се најде начин да се постигне договор што ќе ги обезбеди интересите и на Иран и на Израел.

Путин истакна дека договорот треба да го земе предвид правото на Иран на мирна нуклеарна енергија, како и правото на Израел на безусловна безбедност, и дека такви опции им се предложени на „нашите партнери“, додаде Путин.

„Москва гледа дека општеството во Иран се консолидира околу политичкото раководство на земјата. Исто така, подземните објекти на Иран сè уште постојат, ништо не им се случило“, додаде Путин.

Русија би можела да продолжи со соработката со Иран во секторот за нуклеарна енергија и да обезбеди интереси во оваа област, рече Путин.

Тој истакна дека повеќе од 200 руски експерти се во Иран, каде што градат уште две единици на нуклеарни централи. Русија постигна договор со израелското раководство за да ја обезбеди нивната безбедност.

Би можело да ве интересира

Криста Пајк (50), која преживеа неуспешно погубување со смртоносна инјекција, првпат проговори: „Сè уште чувствувам болка“

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето