Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Од:

Полициската управа на Лас Вегас прогласи нелегален собир во знак на протест против антиимиграциските мерки околу Федералниот суд на САД во центарот на Лас Вегас и им нареди на демонстрантите да се разотидат или ризикуваат апсење.

„Прогласивме нелегален собир на аголот од булеварот Лас Вегас и Кларк поради незаконски активности на демонстрантите. Издадена е наредба. Непочитувањето на овие упатства може да резултира со апсење или казни за демонстрантите“, се вели во соопштението на полицијата, објави CNN.

Во меѓувреме, демонстрантите се уште се на улиците на Сиетл, извикувајќи слогани против Службата за имиграција и царина на САД (ICE) и држејќи знаци со пораки со кои се осудуваат неодамнешните рации на агенцијата за имиграција.

Би можело да ве интересира

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он