Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Од:

Рускиот сенатор Андреј Клишас изјави дека уништувањето на мостот во рускиот Брјански регион, поради што патнички воз излета од шините, при што загинаа седум лица, е резултат на украински „терористички“ напад.

Клишас, член на Советот на федерацијата на Русија, ја обвини Украина дека стои зад саботажата. Во објава на Телеграм, тој рече дека нападот на мостот и соборувањето на возот од шините покажале дека „Украина е контролирана од терористичка група“.

„Украина одамна ги изгуби карактеристиките на држава и се претвори во терористичка енклава, без граници, легитимни власти или закони“, додаде тој.

Клисас, исто така, повика на создавање тампон зона на украинската граница што би била „доволно голема за да ги спречи терористите да влезат на нашата територија во иднина“.

Би можело да ве интересира

Експлозии во Одеса – тројца загинати додека пливаа во забранета зона

А1он

Европските лидери со заедничка изјава за Украина: Дипломатско решение мора да ги заштити клучните безбедносни интереси

А1он

Премиерот на Индија му испрати порака на Трамп: „Путин е мој пријател“

Сирски: Војната мора да заврши според украинските услови

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина

CNN: Ова се пет сценарија за крај на војната во Украина