ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалници во 25 општини, за Град Скопје се бара најдобриот кандидат

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. По состанокот, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите:

1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски

Посочи дека овие кандидати уживаат најголема доверба меѓу граѓаните. Според рејтингот, сите кандидати водат со 4 пати разлика, а во некои општини и 5 на 1.

-ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите кои се предложени од ИК на партијата убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат. Сите кандидати кои се избрани, го имаат поминато тестот на граѓаните. За Град Скопје целиме да го избереме најдобриот кандидат. Се работи за чесни, одговорни, работни и експидитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници кои направиле вистинска трансформација во нивните општини. Дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои досега се водени од кадри на СДСМ, рече Сајкоски.

Би можело да ве интересира

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти