Пезешкијан: Иран ќе преживее дури и ако нема преговори со САД

Од:

Иран ќе преживее дури и ако нема разговори со САД и ако бидат воведени нови санкции, изјави денес иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

– Не е како да ќе умреме од глад ако одбијат да преговараат со нас или да ни воведат санкции. Ќе најдеме начин да преживееме, рече Пезешкијан, објави Ројтерс, цитирајќи ги иранските медиуми.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран биле „многу добри“.

Делегациите од двете земји ја одржаа петтата рунда разговори минатата недела. Американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека на состанокот е постигнат напредок. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека не може да се постигне договор без збогатување на ураниум, но оти верува дека може да се постигне напредок, пренесува Танјуг.

Еден предлог што се разгледува вклучува можност Иран да го запре збогатувањето во земјата, но да ги одржи испораките на ураниум преку регионално здружение во кое ќе бидат вклучени земјите од Блискиот Исток и САД.

Исто така, како што објави АП, иранските власти предупредуваат дека секоја американска поддршка за израелските напади би можела да доведе до сериозни последици за односите со Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Хегсет: Иран побара прекин на огнот

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“

Би-Би-Си: Примирјето со Иран е делумна победа за Трамп, но доаѓа со висока цена

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“