Кремљ му одговори на Трамп која рече дека „Путин потполно полудел“

Од:

Кремљ соопшти дека тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин „целосно полудел“ може да биде резултат на емоционално преоптоварување, но му се заблагодари на американскиот лидер што помогнал да се започнат мировните преговори за Украина.

Трамп рече дека Путин „апсолутно полудел“ со изведувањето на најголемиот воздушен напад во војната врз Украина, додавајќи дека размислува за нови санкции кон Москва, иако го прекори и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Се разбира, почетокот на преговарачкиот процес, за кој американската страна вложи многу труд, е многу значајно достигнување и ние сме искрено благодарни на Американците, а особено на претседателот Трамп, што помогнаа да се организира и започне тој процес.

Тоа е навистина важно достигнување. Во исто време, тоа е многу чувствителен, клучен момент, кој е поврзан со емоционалниот товар на сите вклучени и емотивни реакции.

Внимателно ги следиме сите реакции. Меѓутоа, претседателот Путин ги носи оние одлуки кои се неопходни за безбедноста на нашата земја. Сите сме сведоци како режимот во Киев им се закануваше на странските лидери пред нивното пристигнување во Москва за да го прослават Денот на победата. Сите ги слушнаа тие закани.

И многу од лидерите кои беа тука беа сведоци на обидите на режимот во Киев да ја нападне руската територија со беспилотни летала – големите градови, па дури и главниот град – во пресрет на еден ваков важен ден. Овие обиди продолжуваат. „Принудени сме да преземеме мерки, а претседателот Путин го прави она што е потребно за да ја обезбеди безбедноста на Русија“, рече Песков.

Украинското воздухопловство соопшти дека Русија лансирала 355 беспилотни летала и девет крстосувачки ракети кон Украина во текот на ноќта, што според портпаролот на воздухопловните сили е најголемиот руски напад со беспилотни летала во војната досега.

Би можело да ве интересира

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

САД: Кога ќе видите како се испукуваат ракети врз градовите, тоа не е добро, нема да го дозволиме тоа

Горан Наумовски

Ушаков: Трамп е недоволно информиран

Трамп: Нетанјаху да не прави ништо што би можело да ги попречи разговорите со Иран

Трамп: Не можам да кажам дали Путин сака војната да заврши

Горан Наумовски

Путин одби средба со Зеленски и Трамп