ВИДЕО: Масовен руски напад врз Киев, погодени студентски дом, продавници, метро, ​​болница

Од:

Најмалку едно лице загина, а десетмина беа повредени во руски ракетен напад врз украинскиот главен град Киев, меѓу кои и студенти во студентски дом, соопштија украинските власти.

Во нападот доцна синоќа беа погодени образовна установа, станбени објекти, метро-станица и медицински установи, објави Ројтерс.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм објави дека едно лице загинало во близина на супермаркет. Украинската Државна служба за вонредни ситуации соопшти дека телото било пронајдено покрај тешко оштетена станбена зграда.

Кличко соопшти дека во нападот биле повредени десет лица, од кои повеќето се наоѓале пред студентскиот дом на Државниот универзитет за трговија и економија, на источниот брег на реката Днепар.

Деветмина повредени биле пренесени во болница, а тројца се во тешка состојба.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм соопшти дека сè уште нема точни податоци за бројот на загинатите и повредените.

„Засега не се знае точниот број на луѓе. Но, за жал, има загинати и повредени. Спасувачките операции се во тек“, напиша Зеленски.

Тој повторно повика да се отстранат доцнењата во испораката на противвоздушно оружје, за Украина што побрзо да може да одговори на руските воздушни напади.

„Токму во вакви услови, кога заканата е постојана, кога нападите можат да се случат во секој момент и да погодат градови и села, вештачкото одложување на испораката на противвоздушната одбрана за Украина му помага на теророт“, порача Зеленски.

Претходно во текот на денот, Зеленски изјави дека Украина чека одобрение од американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за испорака на клучни ракети.

„Речиси еден месец чекаме господинот Хегсет да ја одобри испораката на ракети за системите ‘Патриот’ и НАСАМС. Му наложив на нашиот тим повторно да го покрене ова прашање со американската страна“, напиша украинскиот претседател на платформата Икс.

Неофицијални канали на Телеграм објавија фотографии од оштетувањата на метро-станицата и трамвај. Кличко соопшти дека од експлозиите биле искршени прозорците на две медицински установи.

Тој додаде дека биле повредени и двајца припадници на итната медицинска помош кои се упатиле кон едно од местата на нападите.

Сведоци на Ројтерс изјавија дека серија експлозии го потресле градот. Според нивните сведоштва, во делови од Киев на источниот брег на реката Днепар снемало електрична енергија.

Москва негира дека намерно гаѓа цивили.

Би можело да ве интересира

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците го нападнаа Белгород, има жртви и големи штети

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски