А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

(ВИДЕО) Трамп: Путин е потполно полуден

by А1он26/05/2025 - 08:0726/05/2025 - 11:251391
Share0

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабоко незадоволство од руското бомбардирање на Украина во текот на викендот, велејќи дека не е задоволен од рускиот претседател Владимир Путин.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Не знам што му е. Што, по ѓаволите, му се случи? Тој убива многу луѓе. Не сум среќен поради тоа“, им рече Трамп на новинарите на аеродромот во Мористаун, Њу Џерси, додека се подготвуваше да се врати во Вашингтон.

Трамп ги даде забелешките како одговор на руските воздушни напади врз украинските градови во текот на ноќта во неделата, вклучувајќи го и главниот град Киев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Малку подоцна, Трамп го даде истиот коментар на својата мрежа.

„Отсекогаш сум имал многу добри односи со Владимир Путин од Русија, но нешто му се случи. Тој целосно полуде! Тој убива толку многу луѓе без потреба, а јас не зборувам само за војници. Ракетите и беспилотните летала гаѓаат врз градовите во Украина без причина.

Исто така, претседателот Зеленски не и прави услуга на својата земја со начинот на кој зборува. Се што ќе му излезе од устаta прави проблеми, не ми се допаѓа, а подобро да престане.

Ова е војна што никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател. Ова е војна на Зеленски, Путин и Бајден, а не на „Трамп“. „Само помагам да се изгаснат големите и грди пожари кои беа подметнати поради голема неспособност и омраза.

Руските сили истрелаа 367 беспилотни летала и ракети во текот на ноќта во неделата врз украинските градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, во најголемиот воздушен напад на војната досега, при што загинаа најмалку 12 лица, а десетици други беа ранети.

Трамп се обидуваше да ги натера двете страни да се согласат за прекин на огнот во тригодишната војна во Украина, а минатата недела разговараше повеќе од два часа со Путин.

Тој ја покрена можноста за воведување дополнителни санкции кон Русија како одговор на тековните напади.

putintrampukrainska kriza

Би можело да ве интересира

Ушаков: Путин му ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку дојде во Москва

Горан Наумовски27/10/2026 - 19:43

ВИДЕО: Масовен руски напад врз Киев, погодени студентски дом, продавници, метро, ​​болница

Катерина Ѓуровски27/10/2026 - 09:2827/10/2026 - 09:56

ВИДЕО: Демократите го обвинуваат Трамп за сексуално злоставување девојки поврзани со Епстин, бараат независна истрага

Катерина Ѓуровски27/10/2026 - 08:48

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Горан Наумовски26/10/2026 - 14:14

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Горан Наумовски26/10/2026 - 11:34

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Горан Наумовски26/10/2026 - 07:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео