Лажно се претставувал како лекар, Македонец зел 270 илјади евра во Хрватска

Од:

26-годишен измамник од Македонија лажно се претставувал како лекар и од осум семејства од Хрватска зел 270 илјади евра пишува Дневник.хр.

Тој го искористил најголемиот родителски страв – потенцијалната загуба на дете, објаснуваат полицијата.

„Од другата страна на телефонот, едно лице се претставува како лекар кој вели: „Вашето дете е во опасност. Се случила голема трагедија или несреќа. Потребни се пари за оваа тешка операција“, изјави Марија Гоати, портпаролка на Полициската управа во Загреб, додавајќи дека родителите биле оштетени за повеќе од 270 илјади евра.

Наместо лекар, од друга страна на телефонот бил 26-годишен измамник, државјанин на Македонија, кој заврши зад решетки по експресна кривична обработка.

Комората на семејни лекари на Хрватска апелираше до пациентите да не наседнуваат на лажните лекари кои им доаѓаат на прагот.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Македонски државјанин затвори во стан 71 годишник во Хрватска – му се закани дека ќе го убие

А1он

ВИДЕО: Евакуација на три трговски центри во Загреб поради дојави за бомби

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Хрватска: Мајка се самоуби, во станот пронајдена убиена нејзината 17-годишна ќерка

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

Топ разнесе човек пред многу сведоци во Хрватска

А1он