ВИДЕО: „Принцезата на дивоградбите“ да не се крие, повика Арсовска од објект во граба во Чаир за која вели дека нема никаква документација

Од:

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска од локација во близина на „Пластичарска“ за која тврди дека е дивоградба и дека поради градежните работи е небезбедна за околните објекти, ги повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу да одгворат зошто не преземаат ништо за овој случај.

-Во моментов во општина Чаир спротивно на закон си почнале нова дивоградба, за жал во овој момент не реагира МВР, го повикуваме министерот Тошковски кој би требало да реагира, и го повикуваме Стојанче Ангелов овие необезбедениве дупки, каде може сакој случаен минувач да се повреди, да излезат на лице место и да ни кажат дали има сејфти фрст. Направен сериозен ископ, започната градба. Општина Чаир и „принцезата на дивоградбите“ го нема никаде. Возила нерегистрирани кои работат на објектот, без никаква дозвола, нема платено комуналии, нема одобрение за градење, нема проект, нема ниту еден документ со кој се гарантира безбедност на градба, и да не се чудиме она кое се случува во Македонија. Дополнително објектот е во ГУП на Скопје, каде овие тука си одлучиле да си прават зграда без ниту еден документ- рече Арсовска.

Градоначалничката вели дека објектот е на еден метар од посточките згради во близина, уште рече и дека службите на Град Скопје констатирале попаѓање на улицата каде што се гради објектот.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка

Горан Наумовски

Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Арсовска во суд раскажа детали за нападот: траеше 40 минути, не извлекуваше интервентна полиција

Меџити потврди: Најверојатно ќе бидам кандидат на ВРЕДИ за Чаир

Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, почна доказната постапка

Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска