Турската армија ќе ги опреми своите војници со заштитна облека против хемиско оружје.
Барањето за обезбедување на ваква облека било направено од турските воружени сили уште пред шест години. Дозволата за тоа е добиена едвај оваа недела по пет годишниот процес на испитување на хемиски заштитната облека, која е турско производство.
Турската фирма производител добила одобрение за сериско производство и до крајот на годинава турската армија че биде опремена со две илјади парчиња таква облека.
Сирија минатиот месец се закани дека е подготвена да употреби хемиско и биолошко оружје доколку биде нападната од странска држава. Веднаш потоа турската армија испрати во реонот на сисриската граница специјални воени екипи, обучени да дејствуваат при напади со хемиско оружје.