Турција планира овој месец да објави тендер за изградба на трет аеродром во Истанбул, изјави турскиот министер за транспорт Бинали Јилдерим.
Се очекува тендерот да трае до крајот на годинава, по што ќе се започне со изградба на аеродромот.
Планирано е аеродромот да биде завршен и отворен до 2015 година со првичен капацитет од 90 милиони патници годишно, а ќе се градат три писти.
Засега во истанбул има два меѓународни аеродрома – „Ататурк“ и „Сабиха Ѓукчен“, со капацитет од 37 милиони, односно 13 милиони патници годишно.