Зеленски: Русија купува време за да ја продолжи војната и окупацијата

Од:

Еден ден по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кој не донесе никаков напредок или индикации за прекин на огнот, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната мора да заврши преку преговори, но со реални и јасни предлози.

„Очигледно е дека Русија се обидува да купи време за да ја продолжи војната и окупацијата“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека Украина работи со партнерите за да го зголеми притисокот врз Москва.

Зеленски повтори дека Украина е „подготвена за сите ефикасни формати на преговори“, но исто така предупреди:

„Доколку Русија продолжи да поставува нереални услови, мора да следат сурови последици“.

Би можело да ве интересира

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on