Лавров: Путин му ја потврди на Трамп целта за праведно решение во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин му ја потврди на американскиот претседател Доналд Трамп посветеноста на Москва за постигнување праведно решение на конфликтот во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров потсети на цврстата позиција на Русија за „праведно решавање на украинската криза создадена од Западот“, нагласувајќи дека оваа позиција уште еднаш јасно ја потврди Путин вчера по телефонскиот разговор со Трамп, јави ТАСС.

Путин претходно им изјави на новинарите дека разговорот со Трамп траел повеќе од два часа и дека бил „суштински и искрен“.

Тоа беше трет телефонски разговор меѓу лидерите на Русија и САД од почетокот на годината.

Путин додаде дека Трамп во разговорот нагласил дека Русија се стреми кон мирно решение во Украина.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Гренланд предупредува: Подгответе се за инвазија, подгответе резерви од храна и вода

Горан Наумовски

Иран со порака до САД и со закани за Трамп: „Ќе ве уништиме“

Горан Наумовски

Трамп: На Папата треба да му се каже дека Иран уби 42.000 невини демонстранти

Трамп го прогласи Ормускиот теснец за „трајно отворен“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

ВИДЕО: САД протераа кинески танкер од Ормутскиот теснец