Јужна Кореја ќе изведе воена вежба во близина на спорниот остров, откако Јапонија го обнови територијалните претензии кон него, изјави денеска претставник на Министерството за одбрана во Сеул.
Поморските вежби во близина на островот, кој го контролира Сеул во Источното Море, кое Јапонија го нарекува Јапонско Море, ќе бидат одржани кон средината на август.
Во претстојните вежби ќе бидат обединети морнарицата, воздухопловството, копнената војска и крајбрежната стража и ќе учествуваат околу десет бродови, борбени авиони Ф-15К и друго вооружување.
Сценариото е да се одбие странски брод од водите во близина на островот, кој Јужна Кореја го нарекува Докдо, а Јапонија Такешима.
Сеул вчера изрази остар протест до Токио поради обновените тврдења за суверенитетот врз островот во јапонската Бела книга за одбраната, објавена на почетокот на неделата.
Карпестиот остров, на околу половина пат меѓу двете земји, е предмет на спор со децении.