Не се враќаш кај народот туку на „црната листа“, му порача Меџити на Таравари

Од:

Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.

Во објава на „Фејсбук“, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата, туку ја предал.

– Ти не донесе промена. Ти не се враќаш кон народот. Ти се враќаш кон црната листа. Ти не ја напушташ Владата. Ти ја предаде Владата, напиша Меџити.

Меџити оценува дека „Таравари е разочарување за секој Албанец кој гласал за промената“.

– VLEN продолжува по патот на промената. Ги покануваме сите активисти, симпатизери и гласачи кои се чувствуваат измамени, предадени и оставени сред пат без насока, пишува во објавата.

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците Арбен Таравари синоќа по состанокот одржан во Тетово соопшти дека ја напуштаат владината коалиција и одат во опозиција.

– Констатиравме дека минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години. Меѓутоа, меѓутоа промените што ги видовме за жал не ги испорачавме и тоа се секојдневно граѓаните не критикуваат. Затоа ние одлучивме, да се вратиме кај граѓаните. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори. Кога со „Вреди“ се обидувавме околу шест недели и ако имаме сопствени советнички листи да изнајдеме начин за меѓусебна поддршка за кандидатите за градоначалници, меѓутоа, не успеавме во тоа и денес констатираме дека доколку има недоверба во тие што се членови на владата, доколку има конспирации и секакви сомнежи немаме што да бараме таму, рече Таравари.

Би можело да ве интересира

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

„Ми се јавуваа пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир“

Катерина Ѓуровски

Нека ви се честито дивоградбите, Арсовска по средбата Ѓорѓиевски-Меџити

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Средствата за чистење на малата депонија во ОХИС се пренаменети за кампањата на Меџити, обвинија од Движењето Слободни и независни