Стејт Департемтот, во извештајот за Македонија за 2011 година, наведува дека најважниот проблем на полето на човековите права беше неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на правото, мешањето во судството и медиумите, селективно гонење на политичките противници, на лидерите-неистомисленици, и значително ниво на корупцијата во владата и полицијата.
Други значајни проблемите со човековите права нотирани во текот на годината се пренатрупаноста во некои од затворите во земјата, семејното насилство и дискриминација на жените и лицата со хендикеп.
„Имаше општествени предрасуди против лезбејки, геј, бисексуални и транссексуалци (ЛГБТ) заедница, кои беа предмет на малтретирање и употреба на навредлив јазик, вклучително и во медиумите“, стои во извештајот.
Македонија беше исто така извор, дестинација и транзитна земја за мажи, жени и деца за секс трговија со луѓе и принудна работа.
Владата се замеша во случаи од висок профил, вклучувајќи злоупотреба на службената должност или злоупотреба на службената положба за да принудат функционери или членови на партија или да ги застрашуваат клучните лидерите на опозицијата.
Нотиран е случајот со Мартин Нешковски и обидот власта да го сокрие убиството.
Стејт Департментот, посебно укажува на нехуманите услови и на малтретирањето во затворите, на селкетивната правда, на неоправдано долгите притвори, и на притисокот врз судството, при што е забележан и случајот кога претседателот на Собранието на сослушување го повикал тогашниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.
Слободата на медиумите е загрижувачка.
„По затворањето на опозициски-ориентирана А1 Телевизија и дневните весници Време, Шпиц, и “**** е Ре”, бројот на медиуми со критичен однос кон Владата речиси и нема“, констатира Стејт департментот.
Владата е еден од најголемите купувачи на рекламен простор во земјата и фавориза куќи и новинари што ги смета за пријателски.
Во извештајот посебно се нотирани случаите за справување на Владата со политичките неистомисленици, наведени се случаите со Љубе Бошкоски и Фијат Цаноски.
„На 6. јуни, еден ден по изборите, полицијата го уапсиЉубе Бошкоски, лидерот на „Обединети за Македонија, под обвинение занелегално финансирање на изборната кампања и злоупотреба на службената положба. Бошкоски бешеосуден на 29 ноември на седум години затвор. Бошкоски тврдеше неговото апсење беше политичката одмазда“, стои во извештајот.
„Во август Владата го демолираше комплексот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски, лидер на опозициска „Партија за европска иднина“. Цаноски тврдеше дека уривање беше политичката одмазда затоа што неговата партија ја приклучи на опозицијата и поради финансирање на опозициски – ориентирана А1 Телевизија, Стејт Департментот наведува дека за судија во случајот е назначена тетката на министерката за внатрешни работи.
Катерина Цаневска Арсовска