(ВИДЕО) Балистичка ракета го погоди аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, има повредени

Од:

Аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив најверојатно бил погоден од балистичка ракета испукана од Хутите, јавуваат израелските медиуми.

Најмалку шест лица се ранети во нападот. Меѓу нив се маж на околу 50 години со повреди на екстремитетите и две жени, на возраст од 54 и 38 години, кои, според „Тајмс оф Израел“, се во добра состојба.

Еден маж (64) и две жени, на возраст од 22 и 34 години, исто така се полесно повредени, соопшти израелската служба за брза помош, додавајќи дека повредените се префрлени во болници во централен Израел.

Би можело да ве интересира

„Волстрит џурнал“: На Саудијците им снемува ракети за одбрана од нападите на Хутите

Зошто Хутите ја напаѓаат Саудиска Арабија

ВИДЕО: Нов напад на аеродромот во Ријад

(ВИДЕО) Напад на аеродромот во Ријад: Хутите повторно се закануваат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Масакр во Ријад, 12 мртви и над 300 повредени во напад на аеродром

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“