Смотрич: Израел нема да ја заврши војната во Газа сè додека стотици илјади Палестинци не ја напуштат енклавата

Од:

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич денес изјави дека Израел нема да ја заврши војната во Појасот Газа сè додека стотици илјади Палестинци не ја напуштат енклавата.

„Ќе ја завршиме оваа кампања кога Сирија ќе биде уништена, Хезболах ќе биде тешко поразен, Иран ќе биде лишен од својата нуклеарна закана, Газа ќе биде исчистена од Хамас и кога стотици илјади жители на Газа ќе заминат во други земји, нашите заложници ќе бидат вратени, некои во своите домови, а некои во израелските гробови“, рече Смотрич за време на говорот во населбата Ели на централниот Западен Брег.

Тој изјави дека ова не се само цели на владата, туку и консензус на израелскиот народ и војниците.

Смотрич апелираше до премиерот Бенјамин Нетанјаху да „направи сè за да ја зајакне безбедноста на Израел“ и го предупреди да не „ја пропушта оваа можност“.

Израелската војска го обнови нападот врз Газа на 18 март, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со палестинската милитантна група Хамас од 19 јануари.

Над 52.300 луѓе, многу од нив жени и деца, се убиени во Газа во израелската офанзива од октомври 2023 година, која започна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој загинаа 1.300 луѓе.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Иран наводно планира напад врз Тел Авив во случај на понатамошна ескалација

Израелците се загрижени: Иран се обновува многу брзо по повеќе од 20.000 воздушни напади

Израелски извор тврди: Врховниот верски водач на Иран не е во земјата

Израел ја прогласија областа околу Појасот Газа за затворена воена зона

Израелските доселеници го нападнаа палестинското село Тувани на Западниот Брег

Најмалку седуммина загинаа во израелски напад на погреб во Појасот Газа